На изборите во Казахстан надмоќно победува претседателот во заминување Токаев

Од:

Казахстанскиот претседател во заминување Касим-Жомарт Токаев убедливо победува на вчера одржаните избори, покажуваат предвремените изборни податоци.

Излезните анкети на националниот радио и телевизиски сервис покажуваат дека Токаев освоил 82,45 отсто од гласовите. Според првичните информации на Изборната комисија, на изборите излегле 69,43 отсто од 12-те милиони лица со право на глас.

Анкетите на главниот противкандидат на Токаев му даваат 5,2 отсто од гласовите, додека останатите не се очекува да надминат 3,33 отсто.

Поранешната советска република Казахстан, богата со природни ресурси и крстосница на важни трговски патишта, беше практично фрлена во хаос во јануари годинава кога протестите против високите цени се претворија во немири, што потоа беа брутално задушени при што загинаа 238 луѓе.

Земјата сè уште ги чувствува последиците од таа криза, а властите во четвртокот објавија дека уапсиле седум приврзаници на прогонетиот опозициски лидер, обвинет за заговор за „државен удар“.

За 69-годишнниот Токаев овие предвремени избори беа средство за консолидација на власта. Дипломатот од кариера се претвори во бескомпромисен лидер кој во јануари и нареди на полицијата да пука во демонстрантите, ги уапси блиските луѓе на неговиот претходник и ментор Нурсултан Назарбаев, а неодамна решително се спротивстави на рускиот претседател Владимир Путин.

Токаев, кој дојде на власт во 2019 година по ненадејната оставка на семоќниот Назарбаев, реши да излезе од неговата сенка искористувајќи ја јануарската криза, бидејќи долго време важеше за извршител на задачите на неговиот претходник. .

Вчерашните избори се дел од долгата традиција во Казахстан однапред да се знаат изборните резултати. Така беше и на претходните претседателски избори во 2019 година кога Токаев победи со 71 отсто од гласовите, како и во 2015 кога Наразбаев освои дури 98 проценти од гласовите.

И покрај плакатите кои ги повикуваат гласачите да „изберат” претседател за наредните едум години, петте противкандидати на Токаев беа само статисти кои служеа за истакнување на неговите доблести.

Меѓународните набљудувачи на ОБСЕ изразија жалење што не биле прифатени нивните препораки „за основните слободи и услови за кандидатура” на изборите.

Би можело да ве интересира

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан

На неколку дена пред претседателските избори во Казахстан спречен државен преврат