Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Од:

Поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев имаше успешна операција на срцето и неговиот живот не е во опасност, соопшти денеска неговата прес-служба.

Објавувањето на веста следи по извештаите на казахстанските медиуми дека Назарбаев (82), кој три децении ја водеше земјата богата со нафта, се наоѓа во болница.

Назарбаев беше на чело на Казахстан од 1989 до 2019 година и за 30 години на власт изгради силен култ на личноста. Тој го назначи својот сојузник Касим-Жомарт Токаев за негов наследник на функцијата претседател, но нивниот однос се влоши по политичките немири во Казахстан во јануари 2022 година кога загинаа 238 луѓе.

Тогаш Токаев ја презеде функцијата шеф на Советот за безбедност и почна постепено да ги отстранува роднините и сојузниците на Назарбаев од важни позиции во земјата.

Во септември 2022 година Токаев го врати името на главниот град на Казахстан, Астана, кој претходно беше наречен Нур-султан, во чест на поранешниот претседател. Парадоксот е што токму Токаев во 2019 година инсистираше Астана да го носи името на поранешниот претседател и го смени името на главниот град во Нур-султан.

Назарбаев и натаму ужива имунитет од кривично гонење гарантиран со Уставот на земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан

На изборите во Казахстан надмоќно победува претседателот во заминување Токаев

Горан Наумовски

На неколку дена пред претседателските избори во Казахстан спречен државен преврат