Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Од:

Од 26 јануари властите на Казахстан повеќе нема да дозволуваат неограничен престој на руските граѓани и најавуваат воведување на т.н. визните контроли на секои три месеци, пропишано е со новата директива на казахстанската влада.

Од 26 јануари граѓаните на Русија и граѓаните на другите земји-членки на Евроазиската економска унија ќе треба да ја напуштат територијата на Казахстан најмалку 90 дена по истекот на дозволениот тримесечен престој.

Министерството за внатрешни работи на Казахстан, кое ја предложи оваа промена, соопшти дека спроведувањето на оваа мерка ќе и овозможи на земјата поголем степен на контрола врз имиграцијата.

Казахстан стана една од главните дестинации за Русите кои бегаат откако Путин најави делумна воена мобилизација во септември, при што беа регрутирани 300.000 војници да се борат во Украина. Според Министерството за внатрешни работи на Казахстан, околу 100.000 Руси пристигнале во земјата во првите шест дена откако Путин ја најави мобилизацијата на 21 септември.

Властите во Казахстан соопштија дека невообичаено големиот прилив на руски граѓани придонесува за инфлацијата, која минатата година достигна 20 отсто, што е највисока од 1990-те.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов