Тригодишно момче преживеало два дена во шума на минусни температури: Ме чуваше мечка

Од:

Кеси Хатавеј, тригодишно момче преживеало две ноќи само во ледена шума, а по пронаоѓањето кажа дека додека бил исчезнат во шумата го чувала мечка.

Спасувачите ги пронашле малиот Кеси во грмушки во округот Кравен во американската сојузна држава Северна Каролина, во близина на местото од каде што исчезнал од куќата на неговата баба.

Тој исчезнал во вторникот, додека температурите биле многу ниска, а потрагата по него беше откажана поради силните врнежи и јакиот ветер. кеси полицијата го пронајде откако еден човек пријавил дека слушнал како дете плаче и ја повикува мајка си.

Шерифот на округот Кравен, Чип Хју, за локална телевизија изјави дека момчето не зборувало многу за тоа како преживеало во шумата.

– Рече дека има пријател во шумата, кој е мечка, која цело време била со него, рече шерифот.

Приказната на момчето ја повтори и неговата тетка Бријана Хатавеј, која на Фејсбук напиша: „Кеси е здрав, се смее и зборува. Рече дека се дружел со мечка два дена. Бог му испратил пријател да го чува. Бог е добар, чуда се случуваат“.

Во Северна Каролина има голем број на црни мечки, кои обично не се агресивни кон луѓето, иако е нејасно дали спријателувањето на мечката со момчето е вистинско или само производ на имагинацијата на детето.

На страницата за собирање на средства, која што семејството ја направи по исчезнувањето на момчето, исто така се споменува ова тврдење на Кеси.

– Детето со денови беше изгубено во шума на ледени температури, дожд, мрачни ноќи и силен ветер, напиша неговата баба на страницата, а како наслов на текстот стави „Кеси и мечката“.

– Рече дека неговиот најдобар пријател е мечка, која била со него и му помогнала да биде на сигурно, додава таа.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски