Експертите од клиниката при Хамбуршкиот универзитет ги почнаа првите тестирања врз луѓе за вакцината против ебола, јави ДПА.
Вакцината, доставена од Светската здравствена организација, ќе биде тестирана на 30 доброволци во период од шест месеци, откако досегашните тестови врз животните се покажаа како успешни.
Лекарите уверуваат дека нема опасност луѓето, кои учествуваат во тестирањата да се заразат со вирусот на ебола.
Доколку тестовите се успешни вакцината може да биде пуштена во употреба во текот на есента, следната година.
Научниците се надеваат дека вакцината, наречена rVSV-ZEBOV, може да гарантира заштита против вирусот на ебола по примање на една доза.