Три лица загинаа во силна бура која го зафати источниот брег на Австралија

Од:

Во силната бура, која го зафати источниот брег на Австралија, загинаа три лица од гратчето Дангог, кои не успеале да излезат од поплавените домови, соопшти полицијата.

Поради ветровите, кои достигнале брзина од 135 километри на час, 140.000 семејства останале без електрична енергија.

Најзагроцени се реонот на градот Сиднеј и крајбрежните градови северно од него. Има искорнати дрвја, превртени автомобили, прекинати далеководи и уништени покриви. Спасувачките служби добиле над 4.000 повици за помош.

Во Сиднеј за 24 часа количеството на врнежи достигнало рекорд за последните 13 години и многу улици биле поплавени. Поради невремето затворени се повеќе училишта и не работат голем број продавници. Ветрот и дождот предизвикаа прекин на железничкиот сообраќај и на фериботите во Сиднеј и неговите предградија. Аеродромот засега работи без задоцнувања и одложени летови.

Се очекува бурата од утре да го намали интензитетот и да се придвижи кон север.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион со заглавени тркала слета на аеродром во Австралија

Катерина Ѓуровски

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он