Три лица се убиени и повеќе повредени во напад со нож во парк во Англија

Од:

Три лица се убиени, а тројца се тешко ранети откако вчера маж со наж ги нападна во парк во градот Ридинг на југот на Англија, соопшти локалната полиција, која засега не го оквалификува нападот како тероризам. 25-годишниот напаѓач е уапсен.

Сведоците велат дека мажот го извршил нападот околу 18 часот по локално време, бодејќи минувачи во паркот во Ридинг, град на околу 65 километри од Лондон.

Полицијата објави дека не бара други осомничени.

„Нема податоци што укажуваат на постоење на натамошна опасност за јавноста, но ги повикуваме граѓаните да останат будни и да пријават во полицијата доколку видат нешто сомнително“, рече главниот истражител Јан Хантер.

Тој исто така нагласи дека нападот во моментот не се третира како терористички акт, но полицијата не исклучува ништо во врска со мотивацијата за злосторството и работи со поддршка на полициските службеници од антитерористичката единица.

Сведокот Лоренс Ворт за Би Би Си изјави дека напаѓачот одеднаш пошол кон групата од околу осум до десет лица и почнал да ги прободува. Тој се обидел да нападне и други лица, но сите почнале да бегаат од местото на инцидентот, па и напаѓачот избегал од паркот.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападната е жена, вработена во нотарска канцеларија

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

Петмина загинати во нападот во Сиднеј

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

Се уште не е идентификуван напаѓачот врз градоначалникот на Арачиново, трет напад врз него за година и пол

Орце Костов