Тревога во Отава: „Заклучете ги сите врати”, бројни полициски сила се на терен

Од:

Зградата на канадскиот Парламент е затворена, додека полицијата ги предупредува граѓаните да ја избегнуваат областа. Службата за парламентарна заштита на Канада (ППС) издаде предупредување за итни случаи и прогласи заклучување на улицата Велингтон 111, каде што се наоѓа Долниот дом.

Луѓето кои се наоѓаат во зградата и неговата непосредна околина добија инструкции „да се засолнат во најблиската соба“, „да ги заклучат сите врати и да се сокријат“.

Фотографиите споделени на социјалните мрежи покажуваат силно полициско присуство, со патролни возила паркирани покрај улицата пред зградата. Засега не е познато што го предизвикало алармот, пренесува Мирор.

Полицијата во Отава исто така издаде предупредување и ги повика граѓаните да се држат настрана од областа. Нивниот твит гласеше: „Полициската операција во моментов е во тек на Парламентот Хил. Ве молиме избегнувајте ја областа. Нема дополнителни информации. Следува ажурирање“.

За потсетување, во 2014 година, властите го затворија центарот на Отава откако 32-годишниот Мајкл Зехаф-Бибо изврши напад во истиот кварт. Тој го уби канадскиот војник, капларот Нејтан Сирел, а Зехаф-Бибо беше застрелан од полиција.

Би можело да ве интересира

Google го послуша Трамп: езерото Отарио го преименува во Америка

ВИДЕО: Воена состојба меѓу САД и Канада, царините на Трамп го налутија Карни

Катерина Ѓуровски

Трамп го одложи воведувањето на царина од 50 отсто за Канада

Иран има нова мета

Во Британска Колумбија е прогласена вонредна состојба, евакуирани се 22.000 луѓе

Даг Форд му одговара на Трамп: Апсолутно е неприфатливо, еден ден ние ќе ви требаме