Мал пожар изби денеска во хотел во Дубаи, кој ги принуди останатите гости и персоналот да го напуштат објектот.
Ова е трет пожар за помалку од една недела во туристичкиот и трговскиот центар на Обединетите Арапски Емирати, јави ДПА.
Неколку противпожарни возила и возила на брза помош пристигнаа пред хотелот „Мовенпик“.
Хотелот соопшти дека пожарот брзо бил ставен под контрола, а гостите и персоналот биле навремено евакуирани.
Во петокот избувна пожар во висока станбена зграда, а локални медиуми јавија дека вчера бил изгаснат и помал пожар во соседната зграда.