Транспаренси интернешенел: Лондон е „светски центар на корупцијата“

Од:

Транспаренси интернешенел (ТИ) го прогласи Лондон за „светски центар на корупцијата“ затоа што Велика Британија нема закони и прописи за обелоденување на прометот на недвижен имот.

При изработката на извештајот,оваа организација за борба со корупцијата,ги користела податоците на британската полиција и нејзината констатација дека за да се дојде до било каков скап,недвижен имот,најчесто се користат коруптивни методи.

ТИ затоа ги повикува британските агенции за продажба на недвижен имот,агентите кои го продаваат,адвокатите,фирмите за пружање финансиска услуга и дилерите со скапи уметнички предмети,да направат многу повеќе за да навреме сигнализираат на потенцијалните „валкани пари“ вклучени при купувањето недвижен имот во Велика Британија.

Непостоењето на соодветна регулатива, го објаснува „бумот“ со купување и продавање на скап недвижен имот во Лондон,што најчесто потекнува од „валканите пари“ кои лесно и брзо се „перат“ низ капиталот употребен за купување и адаптирање на скапите куќи и станови.

Анализата на Т И открива дека повеќе од 36.300 недвижен имот,само во британскиот главен град, е купен преку „скриени“ фирми и компании во рајските оф-шор места.

Големо мнозинство од овие зделки остануваат тајна,покривајќи се со законски обезбеденото право на приватност,но за Транспаренси Интернешенел токму тоа е причината за проблемот,бидејќи најчесто имотот се купува анонимно,со што се обезбедува целосно сокривање на „криминалните“ пари.

Со години на ред,криминални и корумпирани луѓе од разни странски земји, настојуваатс да купат скап,или да дојдат до најскапиот имот на лондонскиот (и британкиот) пазар на недвижен имот,преку интернет,или преку оф-шор компании,за легализација на нивниот недозволена готовина.

Ова го прави Лондон своевиден центар на корупцијата,но и локација каде цените на становите и куќи постојано се зголемуваат.Тоа ги тера инвеститорите во градежништвото, да градат и нудат на пазараот екстра скапи објекти за живеење,кои се незамисливи за огромното мнозинство „обични“ луѓе, констатира Транспаренси Интеренешенел.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Пивоваров: Полиграфска проверка на службениците на границите, како мерка за сузбивање на корупцијата

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

Напредок од два индексни поени и девет позиции на Индексот на перцепција на корупција за 2023