Трамп за севернокорејската ракетна проба: Кина да заврши со овие глупости еднаш за секогаш

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп неколку часа откако Северна Кореја лансира нова балистичка ракета на Твитер објави дека е „тешко да се верува дека Јужна Кореја и Јапонија ова уште долго ќе го трпат“.

– Можеби Кина ќе преземе сериозни чекори кон Северна Кореја и ќе заврши со овие глупости еднаш за секогаш, напиша Трамп на Твитер.

Белата куќа се уште официјално не реагираше на ракетната проба на Пјонгјанг.

Командата на американски сили во Тихи Океан соопшти дека ракетата била забележана 37 минути пред да падне во Јапонско Море. Ракетата прелетала 930 километри за 37 минути пред да падне во Јапонско Море.

Северна Кореја најави деке денеска ќе објави голема вест, откако јужнокорејски и американски претсатвници изјавија дека извршила проба на балистичка такета со среден дострел. Сеул се сомнева дека ракетата била интерконтинентална балистичка ракета.

– Длабоко сум разочаран од ракетната проба, извршена неколку денови откако со американскиот колега Доналд Трамп апелиравме за воздржаност на Северна Кореја, истакна претседателот на Јужна Кореја, Мун Је-ин на почетокот на вонредната седница на јужнокорејскиот Совет за национална безбедност.

Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека севернокорејската балистичка ракета со среден дострел „во голема мера“ надминала висина од 2.500 километри.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе истакна дека новото ракетно тестирање на Северна Кореја е закана која се повеќе расте.

Тој додаде дека Пјонгјанг не се осврнува на предупредувањата од меѓународната заедница и ги повика Кина и Русија да играат поконструктивна улога за севернокорејското прашање.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција