Трамп: Со вакцина или не, се враќаме во нормала

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се прават сите напори да се најде вакцина против коронавирусот до крајот на годинава, но рече дека САД ќе се вратат во нормала со или без вакцината.

– Сакам да бидам јасен, тоа е многу важно. Со вакцина или не, ние се враќаме. И ние почнуваме, рече Трамп пренесен од Си-Ен-Ен.

Говорејќи во Белата куќа на настан на кој голем број службеници на администрацијата носеа маски, но не и самиот, Трамп изрази надеж дека вакцината ќе биде достапна пред крајот на годината, пренесуваат британските медиуми.

Претседателот на САД рече дека неговата администрација ќе мобилизира сили за дистрибуција на вакцината откако таа ќе се добие.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски