Трамп: Русија и Кина се ревизионистички и конкурентни сили

Од:

Денеска американскиот претседател Доналд Трамп ја објави новата национална стратегија за безбедност, која продолжува да ја следи доктрината „Америка на прво место“.

Според новата стратегија, Кина и Русија се ревизионистички сили и конкуренти кои ја оспоруваат моќта на САД и сакаат да ја поткопаат нивната безбедност и просперитет.

– Тие (Русија и Кина) се одлучни во тоа економиите да ги направат помалку слободни и помалку праведни, да им јакнат армиите, како и да контролираат информации и податоци за да извршат репресија над нивните општества и да шират влијание, нагласи американскиот претседател и додаде дека Америка е во игра и ќе победи.

Трамп се фокусира на заштита на државата, а во тоа е вклучена и изградба на ѕид на јужната граница со Мексико, како и преземање на неколку чекори по прашањата за имиграцијата.

Претседателот на САД повикува на промовирање на просперитетот на САД, мирот и ширењето на влијанието на САД. Тој кажа дека ќе соработуваат со сите на начин на кои што ќе ги штитат националните интереси.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД