Трамп признава дека му недостасува претходниот живот

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп признава дека му недостасува животот што го имал, пред да влезе во Белата куќа, објаснувајќи дека му е најтешко што не може самиот да вози автомобил или слободно да оди по рестораните.

-Претходно, можев да правам толку многу работи што сега не ми се дозволени- рекол Трамп во текот на разговорот со новинари во Овалната канцеларија во Белата куќа, објаснувајќи дека затоа го сака претходниот начин на кој живеел.

„ Сега имам премногу работа, а мислев дека ќе имам помалку„ – признал американскиот претседател.

Разговорот со новинарите бил организиран по повод неговите први 100 денови на претседателската функција.

Изјавите и признанието на Трамп за тоа како гледа на тоа што сега е претседател на најмоќната држава во светот, предизвика голема реакција на социјалните мрежи.

Неговите критичари забележуваат дека тој и сега оди по ресторани и игра голф, секогаш кога оди на својот голем имот во Флорида.

-Па колку тоа време порано трошел за играње голф- забележала на интеренет една Американка, додека еден друг учесник во коментирањето на зборовите на Трамп, за животот, пред и по изборот за претседател на САД, забележал дека е сосема неразумно да помисли дека „најтешкото занимање на Земјата (претседател на САД) ќе биде полесно од и ќе бара помалку работа од водителството на телевизија.

Подржувачите на Трамп, пак, се поблаги во свооте коментари кои најчесто се сведуваат на тоа дека треба да му се „честита на искреноста„ што признава дека му недостасува поранешното живеење, надвор од политиката.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи