Трамп пред средбата со Си: Ќе биде многу возбудлив ден

Од:

Состанокот на американскиот и на кинескиот претседател, Доналд Трамп и Си Џинпинг, кој треба да се одржи утре на маргините на Самитот Г20 во јапонскиот град Осака, ги подгреа надежите дека може да дојде до приближување на двете најголеми светски економии во жестокиот спор околу технологијата и постојаниот трговски суфицит на Кина.

Двете страни меѓусебно воведоа такси на извоз на стока во вредност од една милијарда долари, а Пекинг побара од САД да се најдат на половина пат со цел да се реши ситуацијата.

Трамп за време на средбата со бразилскиот претседател Жаир Болсонаро истакна дека не ветил воздржување од воведување нови санкции против Кина, но нагласи дека верува оти состанокот со Си ќе биде продуктивен.

– Ќе видиме што ќе се случи утре. Сигурен сум дека денот ќе биде многу возбудлив, нагласи Трамп, изразувајќи надеж дека состанокот ќе заврши успешно за двете земји.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција