Трамп потпиша наредба за воведување царини од 50 отсто за Бразил

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес потпиша извршна наредба со која се воведува дополнителна царина од 40 проценти за увоз од Бразил, со што вкупната царина ќе достигне 50 отсто, соопшти денес Белата куќа.

Трамп пред три недели објави дека неговата администрација ќе воведе царина од 50 проценти за бразилските производи извезени во Соединетите Држави, почнувајќи од 1 август.

Тој ги услови царините, за кои рече дека ќе стапат на сила на 1 август, со третманот на Бразил кон поранешниот претседател Жаир Болсонаро, кој е на судење по обвинение за наводно планирање државен удар за да се спречи претседателот Луиз Инасио Лула да Силва да ја преземе функцијата.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Флавио Болсонаро замина од Бразил и се упатил кон САД

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демократите го обвинуваат Трамп за сексуално злоставување девојки поврзани со Епстин, бараат независна истрага

Трамп повторно го поддржa Нетанјаху: Мораме да ја завршиме работата што ја започнавме

„Дејли експрес“: Медведев му порача на Трамп да нареди ликвидација на Зеленски

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

ВИДЕО: Трамп откри план за Русија и Украина по завршувањето на војната