Трамп откри што го налутило Путин: Рускиот лидер бесен на Зеленски по нападот врз Кримскиот мост

Од:

Украинскиот напад врз Кримскиот мост, кој ги поврзува Русија и окупираниот Крим, предизвикал силна реакција кај Владимир Путин, а за неговото незадоволство зборуваше и американскиот претседател Доналд Трамп по средбата со рускиот и кинескиот лидер во Шенжен.

Во разговор со новинар на Ен-Би-Си (NBC), Трамп откри дека Путин бил „исклучително лут“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски поради нападот врз стратешки важниот мост.

„Разговарал со Владимир Путин и Путин бил исклучително вознемирен од претседателот Зеленски поради нападот врз мостот што ја поврзува Русија со Крим. Рекол дека е разбирливо што Путин се чувствува така“, пренел новинарот по разговорот со американскиот претседател.

Трамп истовремено го оценил трилатералниот состанок со Си Џинпинг и Путин како исклучително успешен, давајќи му оценка „12 од 10“.

Според неговите зборови, Украина била главната тема на разговорите со двајцата лидери, додека војната со Иран била спомената само накратко.

Во разговорот била отворена и темата за учеството на Украина во евентуалните мировни преговори. Трамп бил прашан за забелешката на Зеленски дека не бил присутен на состанокот во Кина и дека одлуките за иднината на неговата земја не треба да се носат без негово учество.

Американскиот претседател се согласил со таквиот став и порачал дека нема да донесе конечни одлуки за војната во Украина без Зеленски.

Оваа изјава доаѓа во момент кога се засилуваат дипломатските контакти околу завршувањето на војната, а директните разговори меѓу Вашингтон, Москва и Пекинг отвораат прашања за улогата на Киев во евентуалното мировно решение.

Во меѓувреме, Путин по состанокот во Кина порача дека Русија ќе одговори на нападите врз Кримскиот мост и дека не гледа простор за преговори за ограничен прекин на огнот по последниот напад.

Би можело да ве интересира

Погодени холандската и австриската амбасада во Киев: Руски напад оштети дипломатски објекти

Трамп го забележа портпаролот на Путин и му упати неочекуван комплимент: „Одлично си ја вршите работата“

Предраг Петровиќ

Трамп, Путин и Си испратија заедничка порака до судот што бара апсење на рускиот претседател

Поранешен британски министер: Самитот потврди дека Америка повеќе не е предводник на слободниот свет

Путин првпат се огласи по нападите врз Кримскиот мост: „Нашиот одговор ќе биде многу поболен“

Зеленски: Трамп и Си можат да го принудат Путин да ја заврши војната