Трамп не присуствуваше на средбата на Г7 за климатските промени

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп не присуствуваше на разговорите за климатските промени и биодиверзитетот на Самитот на Г7, а домаќинот на средбата – францускиот претседател Емануел Макрон објасни дека неговиот американски колега бил зафатен со билатерални средби.

Макрон рече дека Трамп ги поддржува напорите на лидерите на најразвиените земји да се борат против пожарите во прашумите на Амазонија.

– Тој не беше присутен, но неговиот тим беше тука. Не би требале да го интерпретирате отстуството на американскиот претседател…САД се со нас во однос на биодиверзитетот и иницијативата за Амазон, рече Макрон на прес-конференцијата во Бијариц.

Лидерите на земјите од Г7 постигнаа договор на самитот во Бијариц со 20 милиони долари финансиски да се помогне во напорите за гасење на пожарите во Амазонија.

-Реалноста е дека за итна помош навистина е потребно финансирање, бидејќи нема доволно пари за да се овозможи да полетаат авионите за борба против пожарите, изјави анонимен извор за британските медиуми, што ја потврди бројката од 20 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Трамп укинува 1.600 работни места во УСАИД

Русија не ја прифаќа идејата на САД за брз прекин на војната

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации