Трамп: Наредив внимателно да се проверува секој што влегува во земјата

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека на Министерството за внатрешна безбедност му наредил „мошне внимателно“ да ги проверува луѓето кои влегуваат во САД.

– Му дадов инструкции на Министерството за внатрешна безбедност да ги проверува луѓето, кои влегуваат во нашата земја мошне внимателно. Судовите ја отежнуваат работата!, напиша Трамп на налогот на Твитер.

Тој на Твитер објави и порака во врска со федералниот судија за подрачјето на Сиетл, Џејмс Робарт, кој во петокот ја стопираше примената на указот и кого претседателот на САД вчера го нарече „т.н. судија“.

– Едноставно не можете да верувате дека судија би можел да ја доведе нашата земја во таква опасност. Доколку нешто се случи, обвинете го него и судскиот систем. Луѓето масовно пристигнуваат. Лошо!, напиша Трамп во еден од трите твита, кои очигледно се однесуваатна Робарт.

Трамп судијата го обвини и дека САД ги отворил за „потенцијални терористи“ и „многу мошне лоши и опасни луѓе“, кои според него поради тоа се „многу среќни“.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти