Трамп: Куба наскоро ќе се распадне, повеќе не добива нафта од Венецуела

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека „Куба наскоро ќе се распадне“, истакнувајќи дека Венецуела, некогаш главен снабдувач со нафта на островот, неодамна престана да испраќа нафта или пари во Куба.

– Куба наскоро ќе се распадне. Куба е навистина нација која е многу блиску до колапс. Знаете, тие порано добиваа пари од Венецуела. Тие порано добиваа нафта од Венецуела. Тие веќе не ја добиваат, изјави Трамп за новинарите, објави Ројтерс.

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел изјави на почетокот на јануари дека Вашингтон нема морално право да ѝ наметне договор на Куба, откако Трамп предложи властите на комунистичкиот остров да постигнат договор со САД.

Соборувањето на комунистичката влада на Куба, која е на власт од Кубанската револуција во 1959 година, е „100 проценти настан за 2026 година“ во очите на американската администрација, објави претходно американскиот „Политико“, повикувајќи се на добро информирани извори.

Би можело да ве интересира

Трамп го обвини Министерството за трговија дека намерно објавило неточни податоци

(ВИДЕО) Трамп повторно воведува царини: Европа ги отфрла, за кина се „политичка манипулација“

Трамп се откажа од дел од понудата за Русија: „Стана јасно дека не се заинтересирани“

Трамп подготвува нови царини за ЕУ

NBC: Администрацијата на Трамп размислува за атентати врз ирански лидери

Откриени трансакции: Трамп купувал и продавал акции на „Нвидиа“

Катерина Ѓуровски