Трамп критикуван зашто ја откажа посетата на гробиштата на американските војници во Франција

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп е на удар на критики затоа што поради дожд ја откажа посетата на гробиштата на американските војници во Франција, кои загинале за време на Првата светска војна.

Поранешниот пишувач на говори на американскиот претседател Џорџ Буш помладиот, Дејвид Фрум на Твитер напиша дека е „неверојатно“ претседателот да отиде во Франција поради церемонија по повод крајот на Првата светска војна, а да не оддаде почит на Американците кои загинале во војната.

Американскиот претседател го критикуваа и некои британски функционери.

Николас Соумерс, член на британскиот Парламент и внук на Винстон Черчил, на социјалните мрежи објави дека Трамп ги „обесчестил“ американските војници со тоа што не ги посетил американските воени гробишта.

Белата куќа соопшти дека американската делегација заедно со претседателот Доналд Трамп не ги посетила гробиштата во Бело, 85 километри од Париз, поради „логистички тешкотии предизвикани од лошото време“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува