Трамп: Ќе видиме дали Тилерсон ќе отслужи цел мандат

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дали државниот секретар Рекс Тилерсон ќе остане на таа функција до крајот на мандатот.

– Не знам, ќе видиме, изјави Трамп во интервју за телевизијата Фокс, на прашањето за иднината на Тилерсон како прв дипломат на САД.

Тилерсон, кој ја напушти челната позиција на нафтениот гигант „Ексон Мобил“ за да дојде во Стејт Департментот, се најде на удар на критиките на Трамп по медиумските тврдења дека за претседателот рекол дека е морон.

Трамп досега смени редица свои најблиски советници и соработници, како шефот на кабинетот Ренс Прибас, советникот за национална безбедност Мајкл Флин, стратегискиот советник Стив Бенон и портпаролите Шон Спајсер и Ентони Скарамучи.

Дополнително, Трамп честопати јавно критикува некои од членовите на Кабинетот, како на пример јавниот обвинител Џеф Сешнс.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти