Трамп ќе ги прогласи Русија и Кина за држави-ривали на САД

Од:

Русија и Кина ќе бидат прогласени за држави-ривали на САД во новата стратегија за национална безбедност која се очкува американскиот претседател Доналд Трамп да ја објави денеска.

Според објавените изадоци од стратегијата, Русија и Кина се ангажираат да ја направат економијата помалку слободна, ги јакнат вооружените сили и капацитетите за контрола на текот на информациите за да вршат репресија врз своите граѓани.

Тие ќе бидат означени како ревизионистички сили кои работат на поткопување на безбедноста на САД и нивниот просперитет. Стратегијата, првпат по подолго време, нема да ги вброи климатските промени како безбедносна закана. Трамп презема мерки за да ги запре активностите започнати од страна на неговиот претходник Барак Обама за ограничувањето на климатските промени.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД