Трамп ја продолжува чистката во Пентагон

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп, по Секретарот за одбрана, смени уште четворица високи функционери од ова министерство, а на нивно место поставил луѓе кои му се лојални, пишуваат американски медиуми повикувајќи се на извори во Пентагон.

Трамп во понеделникот го разреши министерот за одбрана Марк Еспер, а за негов наследник го постави досегашниот директор на Националниот центар за борба против тероризам Кристофер Милер.

Според дел од американските медиуми, некои функционери се сменети, како заменикот-шеф на кабинетот на Еспер, Марк Тумб, а некои сами поднеле оставка, па освен Еспер заминале и неговиот шеф на кабинет, Џенифер Стјуарт и потсекретарот за воено разузнавање, Џозеф Кернан и

Извештаите, кои не ги именуваат новопоставените функционери, велат дека на местото на досегашните, се назначуваат луѓе блиски до Трамп, вклучувајќи „контроверзни личности кои заговарале теории на заговор и го нарекувале поранешниот претседател Барак Обама терорист“.

Претставници на Демократската партија ги осудија смените во Пентагон и изразија стравувања дека тие би можеле да значат вовед во сценарио во кое Трамп би форсирал поголемо непријателство и дури и директен воен судир со Иран.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

Додик: Ќе му понудам на Трамп литиум пронајден во РС, тоа ќе го намали притисокот врз нас

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски