Новиот шеф на Пентагон експресно се појави на работа, само еден час откако Трамп го назначи

Од:

Новиот вршител на должноста секретар за одбрана на САД, Кристофер Милер, пристигна денеска во зградата на Пентагон, околу еден час откако претседателот Доналд Трамп објави дека го разрешил досегашниот секретар за одбрана Марк Еспер и го именувал Милер на позицијата.

Американските медиуми посочуваат дека Милер дошол во зградата на Пентагон по твитот на Трамп во кој тој објави дека го разрешил Еспер, по што, имајќи ги предвид нивните политички несогласувања, следувало „нецеремонијално заминување“ на досегашниот шеф на Пентагон.

Милер на функцијата доаѓа од позицијата Директор на Националниот центар за борба против тероризмот.

Засега не се соопштени причините за смената на Еспер, но американските медиуми извесен период посочуваат дека не бил во добри односи со Трамп, а посебно не му се допаѓало што претседателот на САД често упатувал критики за функционирањето на НАТО.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски