Трамп и Тарнбул: Односите на САД и Австралија се важни за мирот и стабилноста во Азиско-пацифичкиот регион

Од:

Односите на САД и Австралија играат крајно важна улога во зачувувањето на мирот и стабилноста во Азиско-пацифичкиот регион, се согласија американскиот претседател Доналд Трамп и австралискиот премиер Малколм Тарнбул при нивниот прв телефонски разговор, соопшти прес-службата на Белата куќа.

Разговорот траел 25 минути, јави ТАСС.

За време на разговорот, американскиот претседател изразил подготвеност да ги прифати бегалците од Австралија, со што ќе го исполни договорот, направен при управувањето на Барак Обама.

Лидерите на двете земји изразиле заинтересираност за спречување на нелегалната миграција.

Според договорот за мигрантите меѓу двете земји, САД требаше да прими одреден број бегалци од австралиските кампови на островите Манус и Науру.

Повеќето од бегалците во овие кампови се државјани на земји од Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион со заглавени тркала слета на аеродром во Австралија

Катерина Ѓуровски