Трамп: Арапските лидери да ги потпишат Абрахамовите договори

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека очекува или „голем договор за сите“ или „никаков договор“ со Иран, со порака дека земјите од Блискиот Исток треба да ги потпишат Абрахамовите договори за нормализирање на односите со Израел.

– Земјите за кои се дискутира се Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (веќе се членка), Катар, Пакистан, Турција, Египет, Јордан и Бахреин (веќе се членка). Можно е една или две да имаат причина да не го сторат тоа, и тоа ќе биде прифатено, но мнозинството треба да биде подготвено, спремно и способно да го направи ова решение со Иран многу поголем историски настан отколку што би бил поинаку, рече Трамп во објава на платформата Truth Social.

Трамп рече дека Абрахамовите договори донеле „финансиски, економски и социјален просперитет на земјите што веќе ги потпишале – Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Мароко, Судан и Казахстан, дури и во ова време на конфликт и војна, при што сегашните членки никогаш не предложиле да заминат, ниту дури да земат пауза“.

„Причината за ова е што Абрахамовите договори беа одлични за нив и ќе бидат уште подобри за сите, и ќе донесат вистинска моќ, сила и мир на Блискиот Исток за прв пат по 5.000 години. Тоа ќе биде документ почитуван како никој друг што некогаш бил потпишан, никаде во светот. Неговото ниво на важност и престиж ќе биде неспоредливо! Треба да започне со непосредно потпишување од страна на Саудиска Арабија и Катар, а сите други треба да го следат примерот“, нагласи Трамп.

Би можело да ве интересира

Трамп сака свој океан, но „Гугл“ го одби барањето

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

Трамп ги укина санкциите и царините кон Русија

Портпаролката на Трамп призна дека паднала на правосудниот испит

Трамп се закани поради протекувањето воени тајни: „Треба да бидат стрелани“

SpaceX, без најава, го ограничи Starlink за украинската војска