Тони Блер : Мора да се остави можност за нов референдум за ЕУ

Од:

Поранешниот британски премиер Тони Блер изјави денеска дека мора да се остави отворена можноста за сите опции околу Брегзит, инсистирајќи дека не би требало да биде отфрлено и организирањето втор референдум.

Блер смета дека референдумот од 23 јуни „претставува катастрофа„ за земјата и дека сега од  „витално значење„ е да се испитаат сите реални импликации од британското излегување од ЕУ.

„Јас го прифакам резултатот од референдумот, но мојата препорака е одново да се разгледаат внимателно сите последици од таквото решение и посебно да се разгледа каде тоа ќе ја одведе Британија„- рекол Блер.

Вкупно 51, 9 отсто од Британците кои гласаа на референдумот , се определија за Брегзит, но поранешниот премиер посочува дека владата не може да го игнорира фактот дека 16 милиони гласачи беа против и гласаа за останување во ЕУ.

Блер сега предупредува оти преговорите со Брисел, околу раздружувањето со ЕУ, ќе бидат „исклучително тешки„ и во нив Британија не треба да верува оти ќе може да го диктира преговарањето.

Тони Блер беше британски премиер од мај 1997 до крајот на јуни 2007 година, кога се повлече од функцијата.

Во 2004 година тој се спротивстави ЕУ да има свој Устав, несогласувајќи се таа да се претвори во некаква „супер држава„ .

Тогаш  Блер изјави дека ќе органзира референдум во Британија за предложениот документ и дека ќе го блокира планот.

Референдум не се одржа затоа што Холандија и Франција претходно ја отфрлија предложената спогодба на ЕУ која требаше да има уставен карактер.

Во 2007 година Блер ги одби барањата на домашните евроскептици за референдум околу Лисабонската спогодба, која откако беше преработена, тврдеше  дека повеќе нема карактеристики на Устав на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ