Тони Абот останува на функцијата премиер на Австралија

Од:

Австралискиот премиер Тони Абот успеа да го преживее гласањето за доверба на местото лидер на неговата Либерална партија, со што останува и на премиерската функција.

На гласањето, 61 пратеник од редовите на либералите гласаа „против“ иницијативата за изгласување недоверба на Абот, додека 39 од беа „за“.

Абот ја доби довербата на своите сопартијци, но бројот на пратениците кои гласаа за неговото заминување е поголем од оној што се предвидуваше во петокот, кога неколкумина незадоволни либерални пратеници покренаа иницијатива за неговото сменување.

Доколку не ја добиеше довербата на своите пратеници, Абот ќе мораше да поднесе оставка и како австралиски премиер. Во изминатите пет години, тоа им се случи на двајцата премиери од сега опозициската Лабуристичка партија.

Во првата изјава по победата Абот повика на единство и на запирање на партиските поделби во интерес на Либералната партија и на државата.

– Партијата успеа да се справи со иницијативата што водеше кон расцеп, па сега сето тоа е зад нас, изјави австралискиот премиер Абот во Канбера.

Постапката за негово сменување беше покрената по серијата политички недоразбирања и несогласувања, но и по падот на популрноста на Абот и партија.

Либералите загубија на изборите во сојузната држава Квинсленд, а подршката на гласачите за Тони Абот сега изнесува само 24 отсто.

Истражувањето на весникот „Аустралијан“ покажува дека доколку сега би имало парламенгарни избори, опозициските лабуристи би освоиле 57 отсто од гласовите на Австралијците, додека владејачката колаиција предводена од либералите би добила 43 проценти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион со заглавени тркала слета на аеродром во Австралија

Катерина Ѓуровски

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он