Толпа салафити нападна полициска станица во Тунис, едно лице загина

Од:

Едно лице загина, а две се ранети во судир меѓу силите за безбедност и ултраконзервативни муслимани во тунискиот град Хергла, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на локалните медиуми.

До насилството дошло откако група салафити синоќа нападнала полициска станица во градот заради апсењето на член на нивната заедница под сомнение дека нападнал директор на училиште.

Тие биле вооружени со стапови и камења, а органите на редот ги одбиле со солзавец и предупредувачки истрели.

Во средата тројца мажи упаднаа во локалната гимназија и го нападнаа директорот заради неговото добивање да и дозволи на ученичка со шамија да ја посетува наставата.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен