Токсичен облак прекри делови од Буенос Аирес

Од:

Токсичен облак покри денеска делови од Буенос Аирес предизвикувајќи паника меѓу населението кое беше евакуирано од бројни згради во аргентинскиот главен град.

Властите соопштија дека пожар предизвикал чад во контејнер со пестициди во градска улица, но ситуацијата е под контрола. Стотици луѓе почувствувале мачнина, иритација на очите и останати симптоми на труење, јави Би-Би-Си.

Началникот на злужбата за безбедност во Буенос Аирес, Серхио Берни изјави дека нема ризик по здравејто на граѓаните заради „ниските нивоа на токсични материи“ во пестицидот кој е произведен во Кина.

Токсичниот облак ги прекри Пуерто Мадеро, Конгресо, Сан Телмо и други централни квартови од аргентинската престолнина. Луѓето во градот одеа со покриено лице со маски или марами. Летовите од аеродромот беа привремено откажани, а во утринските часови беше затворен и автопат.

Контејнерот со пестициди пристигнал од Шангај и крајна дестинација била Парагвај. Аргентинското Минситерство за здравство соопшти дека во контејнерот имало кинески пестициди кои се користат во житни полиња.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско