Токајев отпушти локални раководители за безредијата во Казахстан

Од:

Претседателот на Казахстан Касим Токајев ги отпушти директорот на полицијата и заменик гувернерот на Жамбил, каде што во инцидент во текот на викендот загинаа десет лица, а десетици се повредени.

Безредијата се случија во петокот вечерта во јужен Казахстан.

Според министерот за информации и социјален развој Дарен Абаев, причината за безредијата е конфликт предизвикан од провокатори кои се обиделе недоразбирањата да ги пренесат на теренот на етничка нетрпеливост.

Во инцидентот беа запалени десетици куќи и автомобили.

Токајев веднаш формираше владина комисија. Тој за насилството претходно ги обвини „провокаторите“, кои, како што рече, го искористиле чинот на хулиганство за да предизвикаат поголеми меѓуетнички судири и истакна дека локалното раководство треба да биде казнето бидејќи не успеало тоа да го спречи.

Полицијата уапси 40 лица и затвори голем број продавници во главниот град Аламтиј, за да спречи натамошни судири.

Би можело да ве интересира

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан

На изборите во Казахстан надмоќно победува претседателот во заминување Токаев

Горан Наумовски