Тимошенко ќе биде обвинета за убиство

Од:

Ренат Кузмин, помошник јавен обвинител на Украина, изјави дека постои можност поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко да биде обвинета за вмешаност во убиството на богатиот магнат Јевхен Шербан.

Убиен заедно со својата сопруга на аеродромот Донцек во ноември 1996 година од мажи облечени во полициски униформи, Шербан тогаш бил член на парламентот.

„Истрагата е во тек и веќе дава резултати“, рече Кузмин, задолжен да го истражува случајот.

Тој откри дека фактите укажуваат на вмешаноста на Тимошенко која заедно со поранешниот украински политичар Пол Лазаренко го организирале и финансирале атентатот на Шербан.

Јулија Тимошенко во моментот издржува казна затвор за злоупотреба на службената должност и затајување данок. Судењето за ова обвинение се уште е во тек.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Загриженост во Киев: Русија најде решение за моќното оружје на Украина

Горан Наумовски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

Во рускиот воздушен напад врз Харков, најмалку 10 лица се ранети

Горан Наумовски

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина