Тим од ФБИ еден ден го истражуваше нападот на американскиот конзулат во Либија

Од:

Еден тим од американски агенти на Федералното биро за истраги (ФБИ) мина 24 часа во Бенгази, каде што го истражуваше минатомесечниот напад на американскиот конзулат, се додека истрагата не беше ограничена на едно или две лица од локалната екстремистичка група, која имаше врска со нападот, наведуваат официјални лица.

Агентите пристигнале во Либија вчера а ја напуштија денес, по неколку недели чекање на пристап до местото на настанот, со цел да се испита терористичкиот напад во кој загинаа американскиот амбасадор Кристофер Стивенс и тројца вработени во конзулатот, меѓу кои беа специјалист за компјутери и двајца агенти за безбедност, од поранешните морнарички фоки.

Како што изјави портпаролкаТА на ФБИ Кети Рајт, агентите гИ посетиле “сите релевантни локации” во Бенгази, но не кажа дали откриле нешто.

Се верува, според АП, дека зад нападот стојат екстремисти поврзани со Ал Каеда.

Американските сили за разузнавање и за специјални операции ја сконцентрираа истрагата на “една или две личности” на либиската екстремистичка група Ансар ел Шарија, која би можела да има врска со нападот, според неименувани американски претставници за борба против тероризмот.

Тие, сепак, посочија дека се уште нема убедлив доказ за поврзаноста на лицата со нападот.

 

Членовите на Ансар ел Шарија беа снимени по нападите, како се фалат пред другите милитанти, вклучувајќи ги и членовите на Ал Каеда во исламскиот Магреб, за кои исто така се смета дека имале улога во нападот, изјави еден од претставниците.

Тој, сепак, додаде дека таквото однесување е вообичаено, по секој сличен инцидент, каде што разни екстремистички групи се обидуваат позивајќи се на секој напад да го изградат својот статус во регионот.

Американските разузнавачи до сега не нашле докази кои укажуваат на меѓусебна комуникација меѓу екстремистите кои учествуваа во нападот на 11 Септември, во знак на протест против анти исламскиот филм “Невиност на муслиманите”, произведен во САД, каде се исмева пророкот Мухамед.

Протестот поради филмот се прошири во меѓувреме на повеќе од 20 муслимански земји, а во нив,ги загубија своите животи повеќе од 50 луѓе.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски