Тилерсон: Меѓу САД и Русија постои ниско ниво на доверба

Од:

Меѓу САД и Русија во момнетов постои ниско ниво на доверба, изјави вечерва во Москва американскиот државен секретар Рекс Тилерсон на заедничка прес-конференција со руксиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Меѓу нашите две земји постои ниско ниво на доверба, Двете најзначајни нуклеарни сили во светот не може да имаат такви односи, потенцира Тилерсон по средбата со Лавров.

Шефот на руската дипломатија од своја страна нагласи дека и покрај порблемите во билатералните односи, Москва е отвортена за дијалог со Вашингтон.

– Наспроти одредените постоечки проблеми, има значителен број перспективи за заеднича соработка. Русија е подготвена не само за дијалог, туку и за конкретни заедички акции во повеќе разлилни области, рече Лавров.

Тој нагласи дека на средбата Русија и САД недвосмилсено ја потврдиле својата решеност за бескомпромисна борба против тероризмот.

Лавров нагалси дека Москва е подготвена за обнова на договорот со САД за избегнување на евентуални инциденти на небото над Сирија, доколку цел на американските воздушни напади во оваа блискоисточна земја бидат само терористички групи, како што е Исламската држава.

Лавров додаде дека и рускиот претседател Владимир Путин на нивната заедничка средба со Тилесрон, ја потврдил решеноста на Москва за обнова на овој договор.

Во врска со состојбата во Сирија, Тилерсон оцени дека минатонеделниот напад со хемиско оружје во градот Хан Шејхун бил планиран, раководен и спроведен во сириските владини сили.

Лавров и Тилерсон нагласија дека на средбата разговарале и за случувањата во Украина, при што се заложиле за целосна имплементација на Договорот од Минск, како „едниствен начин за решавање на кризата“.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски