Тилерсон ја повика Северна Кореја да се откаже од нуклеарните и ракетните програми

Од:

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ја повика денеска Северна Кореја да се откаже од програмите за нуклеарно оружје и за балистички ракети и нагласи дека не постои причина Пјонгјанг да стравува од САД.

Тилерсон, кој е во прва посета на Азија во функција на државен секретар, ова го изјави по средбата со јапонскиот министер за надворешни работи Фумио Кишида во Токио.

На средбата двајцата министри разговарале за можните нови чекори кон Северна Кореја.

Тилерсон изјави дека 20 години од американските дипломатски и други напори, насочени кон тоа Северна Корека да се откаже од нуклеарната програма пропаднале, но не прецизираше како Администрацијата на претседателот Доналд Трамп планира да се справи со ова прашање.

Кишида изјави дека тој и Тилерсон разговарале за ситуацијата во регионот, вклучувајќи го и Корејскиот Полуостров и нагласи дека Јапонија и САД „не можат да се помират со ракетните и нуклеарните програми на Пјонгјанг“.

Тилерсон и Кишида ја повикаа Кина да изврши притисок врз Северна Кореја во таа насока.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски