Тешки борби меѓу сириската армија и бунтовниците во јужен Дамаск

Од:

 Во јужен Дамаск се водат тешки борби меѓу сириската армија и бунтовниците, а реонот е под артилериска стрелба на силите на режимот, соопшти Сирискиот центар за набљудување на правата на човекот, цитиран од француските медиуми.

-Тешки борби се водат меѓу востаничките борци и редовната армија кај автопатот Дамаск-Дераа, во јужниот кварт Кадам, и во југозападното предградие Дараја, соопшти невладината организација.

Сириската армија испраќа засилувања во Дараја во обид да си ја поврати контролата над реонот, што веќе неколку недели е во раце на бунтовниците.

Армијата го гранатирала Асали, во јужниот дел на престолнината, каде се водат борби во близина на палестинскиот бегалски камп Јармук и во соседниот кварт Тадамун.

Во источните делови на квартовите на Дамаск тројца бунтовници се убиени во борбите во Ербин и Хараста, кои, исто така се гранатирани од артилеријата на режимот.

Во северниот град Хомс, на гранатирање е подложен квартот Халдие, што веќе шест месеци е под опсада од армијата.

Во борбите се убиени шестмина бунтовници. Во текот на ноќта, исто така, се гранатирани провинциите Хама, Дераа и Деир аз Зур.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски