Вооружени терористи нападнаа два хотели во туристичкото место Сус во Тунис и убија најмалку деветнаесет луѓе, а повеќе се ранети. Дошло до вооружена престрлка меѓу напаѓачите и полицијата, а еден од напаѓачите е убиен.
Според информациите нападот е изведен на плажата во близина на хотелот „Империјал Мархаба“ каде се слушнале истрели и посилна детонација, а во моментов владее голема паника во целата област.
Во градот Сус, популарна туристичка дестинација, има најмногу туристи од Велика Британија.
Нападот се случил утринава во градот, лоциран 140 километри јужно од главниот град Тунис на медитеранскиот брег.
Медиумите информираат дека туристите бегале обидувајќи се да си го спасат сопствениот живот додека траела престрелката.
Ова следи само неколку часа откако во Франција напаѓач упаднал со својот автомобил во фабричкиот комплекс во Гренобл и детонирал канистри со гас при што еден маж беше обезглавен, а десетици други повредени.
Откако бил приведен напаѓачот им рекол на припадниците на полицијата дека е член на терористичка група поврзана со Исламската држава.