Тереза Меј одново ветува ограничување на миграцијата како во времето на Тачер

Од:

Актуелниот британски премиер Тереза Меј во текот на предизборна средба со гласачите во една лондонска општина, одново ветува лимитирање на „нето миграцијата“ на околу 100 илјади лица, како во времето кога во Даунунг стрит 10 беше Маргарет Тачер.

Според Меј, сегашната „прекумерна миграција„ претставува проблем за социјалните фондови и за општинските финансии, но и дека ја намалува цената на трудот, поради големата понуда на работна сила.

Прв пат, предлогот за вакво лимитирање на миграцијата се појави во времето кога премиер беше Дејвид Камерон, а Тереза Меј беше министер за внатрешни работи, во чиј домен е и миграцијата и граничната контрола.

Тогаш Камерон навести драстично намалување на миграцијата , порачувајќи дека целта на неговата влада е нето мигрантите да се сведат на времето кога премиер беше Маргарет Тачер.

Во времето пред референдумот за ЕУ, во јуни минатата година, Камерон призна дека таквата цел била практично неостварлива и претерана, поради различното време и сосема другите политички услови од времето на Тачер.

Антиевропските и антиимигрантските политичари и медиуми , го искористија тоа за да водат силна кампања за Брегзит, откако за напливот мигранти во Британија, ги обвнија само државјаните на ЕУ и европскиот принцип за слободно движење на работната сила низ земјите на Унијата.

Сегашната нето миграција (бројка на мигрантите која останува откако од новодојдените се извади бројката на оние кои заминале) изнесува околу 270 илјади годишно, па Тереза Меј која својата кампања за изборите ја врза исклучиво за Брегзит, го користи ова прашање, за да ги задржи за себе и нејзината партија сите „брегзитери„- оние кои гласаа за излез од ЕУ.

Сите други британски партии ги обвинуваат конзервативците дека ги „залажуваат гласачите„ и дека бројката од 100 илјади нето мигранти е „вештачка„ и целосно беспредмена.

Маргарет Тачер беше британски премиер од 1979 до 1990 година.Од функцијата беше тргната со партиски пуч. За нејзин наследник беше одбран Џон Мејџор.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија