Тереза Меј ги посети ранетите при нападот во Лондон

Од:

Британската премиерка Тереза Меј денеска посети дел од ранетите при синоќешниот терористички напад во Лондон.

Како што јавија британските медиуми, Меј ја пости болницата „Кингс Колеџ“, каде се хоспитализирани 14 од 48-те ранети лица при нападот.

Британската Национална здравствена служба претходно соопшти дека 21 од ранетите при нападот се наоѓаат во критична состојба. Од вкупниот број ранети, 36 се хоспитализирани во пет болници, додека 12 по укажаната медицинска помош во текот на денот се пуштени на домашно лекување.

Како што јави ДПА, британската Влада соопшти дека во вторник ширум цела Велика Британија со минута молчење ќе им биде оддадена почит на жртвите во нападот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 23-годишно момче е убиено во бизарниот напад со меч во Лондон

ВИДЕО: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон

Два напади со самострел во Лондон

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Гори полициска станица во Лондон, пожарот го гаснат 175 пожарникари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во Лондон, 11 лица завршија во болница

Горан Наумовски

Демонстрантите во Лондон кои маршираа за поддршка на Палестина го затворија Тауер бриџ

Горан Наумовски