(ВИДЕО) Пожар во Лондон, 11 лица завршија во болница

Од:

Единаесет лица се пренесени во болница откако избувна пожар во зграда во луксузната лондонска населба Саут Кенсингтон, во југозападен Лондон, во близина на Природонаучниот музеј.

Лондонската противпожарна бригада на мрежата Икс објави дека 11 лица биле третирани поради вдишување чад и дека околу 130 жители морале да бидат евакуирани од зградата каде што избувна пожарот.

На местото на настанот пристигнале 15 противпожарни возила и околу 100 пожарникари, јавува Би-Би-Си.

Еден од пожарникарите изјавил дека пожарот се проширил од приземјето кон горниот кат и покривот.

Причината за пожарот засега не е позната.

Би можело да ве интересира

Повторно активиран еден крак од пожарот на Јасен

Гром предизивка пожар во Бајловце, општина Старо Нагоричане

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар на аеродром во Њујорк, се вклучија алармите, се евакуираат патниците

Пожар зафатил неколку куќи во струмичко Ново Село, во гаснењето ангажирани и два хеликоптера

Пчелар од струмичко предизвикал пожар, при гаснењето добил изгореници

Пожар во беровската месност Безгашчево