Телефонски разговор Путин – Макрон за нуклеарката „Запорожје“

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот француски колега Емануел Макрон штотуку го завршиле телефонскиот разговор за ситуацијата во Украина, соопшти официјална Москва.

Путин му пренел на Макрон дека гранатирањето на нуклеарната централа „Запорожје“ за што го обвинил Киев, создало ризик од „катастрофа од големи размери“.

Двајцата претседатели се согласиле за потребата од испраќање тим на Меѓународната агенција за атомска енергија во централата.

Путин разговарал со Макрон за тековните пречки во снабдувањето на светските пазар со руска храна и ѓубрива, се вели во соопштението на Кремљ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли