Телефонски разговор на Трамп и на Ердоган со новоизбраниот претседател на Франција

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска му ја честиташе победата на Емануел Макрон на пртседателските избори во Франција, соопшти Белата куќа.

– Трамп телефонски разговараше со избраниот претседател на Франција и му ја честита победата, изјави портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер.

Трамп синоќа по прогласувањето на победа на Макрон преку Твитер упати честитки.

– Честитки за Емануел Макрон на неговата голема победа на изборите за претседател на Франција. Многу се радувам на соработката со него, напиша Трамп на Твитер.

И претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска имаше телефонски разговор со Макрон,

Ердоган во телефонскиот разговор потенцирал дека победата на Макрон ја зголемува надежта во иднината на Европската унија.

Ердоган и Макрон се договориле да се сретнат на самитот на НАТО, што треба да се одржи кон крајот на месецот во Брисел.

Би можело да ве интересира

Хамас: Француското признавање на палестинската држава до јуни би било важен чекор

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката

Трамп: Сè ќе цвета наскоро

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски

Кина возвраќа на американските царини со ограничување на увозот на холивудски филмови