Телефонски разговор Лавров – Помпео за Венецуела

Од:

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во синоќешниот телефонски разговор со американскиот државен секретар Мајк Помпео истакна дека Москва е подготвена да разговара со Вашингтон за Венецуела, но само ако се почитува Повелбата на Обединети Нации.

Во соопштението од руското МНР се посочува дека телефонскиот разговор бил на барање на САД, при што Лавров го осудич „мешањето во внатрешните работи на суверена држава и грубото кршење на меѓународното право“.

– Потенцирано е дека сме подготвени за билатерални консултации за прашањата за Венецуела, но само во согласност со принципите на Повелбата на ОН, бидејќи само граѓаните на Венецуела имаат право да одлучат за својата иднина, се истакнува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Мировните преговори меѓу Украина и САД ќе се одржат во Саудиска Арабија следната недела

Нов руски напад во Украина, најмалку 20 загинати, меѓу повредените има и деца

Орбан: Блиску сме до договор за економска соработка со САД

„Нема да не спречат да ја постигнеме нашата цел во Украина“: Русија одговори на заканите од Трамп со санкции

Трамп и се закани на Русија

Медведев: Неопходна е проценка на штетата предизвикана од колонијалните сили на другите земји