Орбан: Блиску сме до договор за економска соработка со САД

Од:

Унгарија и Соединетите Американски Држави (САД) се блиску до договор за економска соработка што ќе и помогне на унгарската економија, првенствено во ограничувањето или поништувањето на ефектите од царините што САД потенцијално би можеле да ги наметнат врз Европската унија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан рече дека таквиот договор може да биде корисен во случај на тарифна војна меѓу САД и ЕУ, особено што во таков случај Унгарија ќе биде сериозно погодена од царините.

Говорејќи на годишната конференција посветена на економската ситуација во Унгарија, тој истакна дека на Будимпешта и е потребна економска неутралност и не смее да учествува во „изолација“.

„Без разлика од која страна дува ветрот, во интерес на унгарската економија е да има најдобри можни односи со сите и не треба да се воведуваат идеолошки размислувања во ова. „Не смееме да дојдеме во ситуација во која успеа да влезе Европската унија“, рече Орбан.

Тој оцени дека ЕУ станала изолирана бидејќи е во тарифна војна со САД и Кина, а исто така се одвоила од Русија преку сопствени санкции.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дијаз-Канел му одговори на Трамп: Куба е решена да се одбрани од секој обид за агресија

Горан Наумовски

Иран тврди дека уништил американски радар во Бахреин, САД демантираат

Рубио: Нема потреба од понатамошни напади врз Иран

Хаос во авиосообраќајот во САД: Летовите продолжија, но доцнењата и откажувањата остануваат

(ВИДЕО) „Ова е скандал“: Маѓар со остра реакција по откривањето милијарди во унгарските шуми

Горан Наумовски

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната