Техеран: Во Ница се случи терористички напад, да го прекинеме маѓепсаниот круг

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф остро го осуди нападот со нож во францускиот град Ница, нарекувајќи го „терористички напад“.

– Силно го осудуваме денешниот терористички напад во Ница. Оваа ескалација на маѓепсаниот круг на говор на омраза, провокација и насилство мора да биде заменета со здрав разум, напиша Зариф на Твитер.

Шефот на иранската дипломатија се осврна и на силната поддршка од Западот на францускиот претседател Емануел Макрон за секуларните закони, со кои се штитат карикатурите на пророкот Мухамед како форма на слобода на изразување.

– Треба да признаеме дека радикализмот создава само повеќе радикализам и дека мирот не може да се постигне преку грди провокации, наведе Зариф.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари