Тедрос: Во 2021 ќе има застои и нови предизвици

Од:

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди дека во новата година ќе има „застои и нови предизвици“, и повика на засилени напори со цел да се откријат нови типови на коронавирусот Ковид-19.

Говорејќи на онлајн прес-конференција од седиштето на СЗО во Женева, Тедрос предупреди дека ќе има потешкотии, наведувајќи ја како пример појавата на мутации на коронавирусот, но повика и да им се пружи помош на медицинските работници, кои мораат и понатаму да се борат, иако пандемијата ги доведе на крајот на силите.

Тој додаде дека СЗО тесно соработува со научници од целиот свет за подобро се сфатат промените на вирусите и нивното влијание.

Во врска со ова, Тедрос ја истакна важноста од зголемување на капацитетот за геномско секвенционирање ширум светот, како и споделување информации со Агенцијата за здравство на ОН и други земји.

Два посебни соја на коронавирусот, произведени со спонтана мутација на новиот коронавирус, предизвикувачот на Ковид-19, беа откриени изминативе денови во Велика Британија и Јужна Африка, а според научниците, се чини дека британскиот тип полесно ги заразува луѓето. Ова, заедно со наплив на нови случаи во Британија (денеска рекордни над 40.000 новозаразени), предизвика загриженост низ целиот свет и доведе до нови ограничувања во воздушниот и копнениот сообраќај кон Обединетото Кралство.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа