Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека Агенцијата, во која членуваат 194 земји-членки, ќе разговара за наодите и препораките на независниот панел експерти за пандемијата на коронавирусот кој утврди пропусти на СЗО и владите.
– Со нетрпение очекуваме да соработуваме со нашите земји-членки со кои ќе разговараме за препораките на овој панел и другите одбори за изградба на посилна СЗО и поздрава, побезбедна, поправедна иднина за сите нас, рече Тедрос за време на презентацијата на извештајот.
Пандемијата на Ковид-19 беше катастрофа што можеше да се спречи и која немаше да однесе милиони животи доколку светот реагираше побрзо, оцени независен панел експерти кој го испитуваше начинот на управувањето со пандемијата.
Панелот ги повика светските лидери на големи промени со цел да се стави крај на пандемијата и да се обезбеди да не може да се повтори.