Пандемијата на коронавирусот се забрзува со повеќе од 300.000 случаи, колку што досега се регистрирани ширум светот и речиси во секоја земја, изјави денеска директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адханом Гебрејесус.
Тој ги повика политичарите на посветеност и кажа дека неделава ќе и се обрати на групата од 20 светски лидери и ќе ги замоли да работат заедно на засилувањето на производството на виталната заштитна опрема за здравствените работници, пренесоа британските медиуми
Извршниот директор за вонредни состојби во СЗО, Мајк Рајан, кажа дека одлуката за (не)одржувањето на Олимписките игри во Токио верува дека ќе се донесе многу брзо.
-Ги имаме сите уверувања од јапонската Влада и ИОК дека ЛОИ нема да се организираат доколку во опасност бидат доведени спортистите и набљудувачите, изјави Рајан.