Тедрос: Пандемијата на коронавирусот е далеку од завршена

Од:

Пандемијата на коронавирусот е далеку од завршена, предупреди денеска генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.

-Во петок ќе бидат точно две години откако кажавме дека ширењето на коронавирусот може да биде означено како пандемија, рече Гебрејесус на онлајн прес-конференцијата во Женева, додавајќи дека две години подоцна од вирусот умреле над шест милиони лица.

Гебрејесус кажа и дека коронавирусот продолжува да се шири и дека се уште има пречки во дистрибуцијата на вакцини, тестови и третмани.

Според него, тестовите што можат да откријат нови варијанти на коронавирусот се извор на загриженост, бидејќи многу земји драстично ја намалиле употребата на овие тестови.

-Тоа не спречува да видиме каде е вирусот, како се шири и како се развива, рече Гебрејесус, додавајќи дека таквата стратегија за тестирање во Јужна Африка овозможи кон крајот на ноември 2021 година да се открие омикронот, сој што сега е доминантен во светот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа